Достапни линкови

Берлускони се сретна со Путин на Крим


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се сретна со рускиот премиер Владимир Путин на Полуостровот Крим на Црното Море, кој беше анектиран од Русија во март 2014 година. Берлускони денеска пристигна во туристичкиот град Јалта на „приватна посета.“ Тој претходните два дена беше во посета на Сочи. Тој се сретна со Путин на комеморацијата за војниците кои загинаа за време на Кримската војна во Севастопол – пристаништето на руската флота на Црното Море. Се очекува Берлускони да се врати во Италија на 13 септември. Ова лето и француска делегација го посети Крим. САД, Европска унија и други земји, не го признаваат Крим како дел од Русија.

XS
SM
MD
LG