Достапни линкови

Молдавија се подготвува за нов протест


Лидерите на граѓанското движење „Достоинство и вистина“ во Молдавија, повикаа на масовен протест во центарот на Кишињев на 13 септември. Пред една недела движењето на улиците донесе десетици илјади фрустрирани Молдавци поради неконтролираната корупција, што беше најголем протес во пост-советската историја на земјата. Движењето бара составки на претседателот Николае Тимофти и на шефовите не повеќе джавни антикорупциски тела. Исто така повикуваат на брзи предвремени избори во март. Организаторите на протестот вчера се сретнаа со премиерот Валериу Стрелет и ги повториле нивните барања за оставка на Владата и за формирање на „нова политичка класа.“ Стрелет ги отфрли барањата, но изрази подготвеност да преговара со демонстрантите, вклучително за зголемувањата на цената на електричната енергија и за банкарскиот скандал за исчезнувањето на една милијарда евра од државниот трезор.

XS
SM
MD
LG