Достапни линкови

Неизвесна кандидатурата на Џо Бајден за изборите во 2016


Американскиот потпретседател Џо Бајден вели дека не е сигурна неговата можна претседателска кандидатура за изборите во 2016 година, бидејќи се уште тагува за неодамнешната смрт на неговиот син, Бо Бајден. Во емоционално интервју денеска Бајден рече дека не е сигурен дали може да се справи со строгите мерки на кампањата, дури и ако тој победи. Бо Бајден беше одликуван воен ветеран, кој во мај почина од рак на мозокот на 46-годишна возраст. Поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон, во моментов е водечки кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2016 година. Нејзиниот најблизок ривал е сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

XS
SM
MD
LG