Достапни линкови

УНХЦР: САД и Европа да прифатат повеќе бегалци


Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, УНХЦР соопшти дека ја поздравува понудата на САД да прими 10 илјади бегалци од Сирија, но дека Вашингтон „може и треба да направи повеќе.“

Портпаролот на УНХЦР Вилијам Спиндлер денеска во Женева рече дека Агенцијата внимателно ја следи улогата на војската во Унгарија во справувањето со приливот на бегалци, додавајќи дека војската и полицијата мораат да ги почитуваат правата на бегалците.

Спиндлер ја поздрави улогата на Европската унија да прифати 160 илјади бегалци и повика веднаш да бидат поставени прифатни центри во најпогодените земји, како Италија, Грција и Унгарија.

Тој рече дека ЕУ ќе мора да распореди 200 илјади луѓе во овие земји до крајот на 2016 година. Тој додаде дека УНХЦР испраќа монтажни станови за 300 бегалски семејства во Унгарија.

УНХЦР соопштува дека 380 илјади бегалци, половина од нив од Сирија, оваа година стигнале во Европа и дека се очекува бројката брзо да расте во следните недели и месеци.

XS
SM
MD
LG