Достапни линкови

logo-print

СЕ: Турција да дозволи набљудувачи во Џизре


Советот на Европа денеска ја повика Турција да дозволи независни набљудувачи во југоисточниот град Џизре, каде од минатата недела е воведен полициски час, а меѓу турските сили за безбедност и курдските бунтовници има постојани судири, пренесоа американските медиуми. Советот на Европа изрази загриженост од тврдењата за „непропорционална употреба на сила“врз цивилите во Џизре. Турското Министерство за внатрешни работи информира дека седум курдски бунтовници и еден цивил се убиени во судирите, додека прокурдската опозициска партија соопшти дека во судирите биле убиени 21 цивил. Освен тоа, турските власти не и дозволија на делегација на прокурдската парламентарна партија да влезе во Џизре.

XS
SM
MD
LG