Достапни линкови

Прво промени во државата, па во ВМРО-ДПМНЕ


Премиерот и претседател на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски на одбележување на 25 годишнината од основањето на партијата.

Премиерот и претседател на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски на одбележување на 25 годишнината од основањето на партијата.

ВМРО – ДПМНЕ е силна партија и може да се справи со корупцијата, но проблем е раководството, сметаат поранешни пратеници на таа партија. Но, тешко до партиски смени додека се на власт.

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Ѓулистана Марковска вели дека наместо да ги отстрани криминалот и корупцијата ВМРО-ДПМНЕ уште подлабоко се нурнува во нив, бидејки главниот проблем не е решен, а тоа е дека раководството не сака да се справи со корупцијата.

ВМРО-ДПМНЕ е многу голема и силна партија во која членуваат голем број луѓе и далеку од тоа дека нема капацитет да се справи со споменатата корупција која е и по вертикална и по хоризонтална линија. Капацитет постои, но сметам дека има опструкции.

„ВМРО-ДПМНЕ е многу голема и силна партија во која членуваат голем број луѓе и далеку од тоа дека нема капацитет да се справи со споменатата корупција која е и по вертикална и по хоризонтална линија. Капацитет постои, но сметам дека има опструкции и дека имаме едно општо замајување на народот со популистички мерки во кои што таа треба да се скрие. Тие опструкции доаѓаат од актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ“, вели Марковска, која е гостинка во интервјуто на Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела.

Владејaчката ВМРО-ДПМНЕ го одржува 15. Конгрес на партијата во Куманово.

Владејaчката ВМРО-ДПМНЕ го одржува 15. Конгрес на партијата во Куманово.

Таа е една од десетината поранешни пратеници на ВМРО- ДПМНЕ кои упатија писмо до раководството на ВМРО- ДММНЕ и изразија незадоволство од политиката на партијата. Тие го критикуваа актуелното раководство дека наместо да ги отстрани криминалот и корупцијата шампионски уште подлабоко се нурнува во нив и оценија дека државата се наоѓа во една од најтешките политички и институционални кризи досега. Со критиките одат дотаму што ја критикуваат оваа власт за уривање на духот на граѓаните, што е причина за нивно масовно иселување.

Проблеми имаме во државата, првично тука ќе се случат промените, па дури потоа очекувам дека нивното членство ќе смогне сили да ги промени луѓето кои што ја водат партијата.

Незадоволството од ова партија се искажува се поотворено по девет години од нејзиното владеење и после т.н бомби што ги објави опозицијата и аферите како последната со Телеком.

Професор Никола Дујовски вели дека во овој момент не може да се очекуваат промени во раководството на партијата, бидејки тоа се случува кога партиите се во опозиција.

„Најчесто во историјата партиите се реформираат во опозиција. Се додека Груевски ја има власта во државата тој ќе ја држи власта и во партијата. Кога ќе биде во опозиција нормално е прво самиот себеси да се праша дали ќе продолжи да ја води партијата и неговите сопартијци да побараат можеби негова промени“, вели Дујовски.

Неговиот впечаток е дека не може сега да се очекуваат промени во раководството на партијата, но и оти тоа не го решава главниот проблем, а тоа е што нема промени во државата.

„Проблеми имаме во државата, првично тука ќе се случат промените, па дури потоа очекувам дека нивното членство ќе смогне сили да ги промени луѓето кои што ја водат партијата. Видовме дека има промени во државата, дел од министрите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не се министри во владата, но ги задржаа своите позиции во партијата и дури и ги зајакнаа во изминатиот период, и затоа ценам дека најпрво ќе се случат промени во државата, а дури потоа ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да се реформира.“

Дујовски нагласи дека луѓето кои заминале од министерските позиции треба и во партијата да отстапат место за нови луѓе. Не треба да се дозволи луѓето да се бирократизираат за своите фотелји, а нам токму тоа ни се случува, дополни Дујовски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG