Достапни линкови

logo-print

Завршува државната помош, Вистеон електроникс си заминува


Илустрација.

Илустрација.

Од Вистеон електроникс информираа дека поради вишокот капацитети во европското производство на компанијата донеле одлука до крајот на годината да ја стопираат работата.

Причината за заминувањето на Вистеон Електроникс или некогашен Џонсон Контролс од слободната економска зона Бунарџик, според експертите, е парадоксална, а проблематичен е и тајмингот, бидејќи завршува и периодот за државните субвенции за компанијата. Од Вистеон Електроникс информираа дека поради вишокот капацитети во европското производство на компанијата донеле одлука до крајот на годината да ја стопираат работата, а истовремено дека се во преговори со потенцијален купувач кој би ја преземал сопственоста.

Ако една компанија од микроекономска логика сака да излезе од пазарот со образложение дека нема пазар капацитетот на производството, односно паѓа побарувачката, е малку контрадикторно со намерата да најде потенцијален купувач. Значи ова навистина е образложение коешто е сосем парадоксално од аспект на економски резон.

Академик Абдулменаф Беџети вели дека образложението на компанијата е нелогично.

„Ако една компанија од микроекономска логика сака да излезе од пазарот со образложение дека нема пазар капацитетот на производството, односно паѓа побарувачката, е малку контрадикторно со намерата да најде потенцијален купувач. Значи ова навистина е образложение коешто е сосем парадоксално од аспект на економски резон“, вели Беџети.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека за да се знае основната причина за заминувањето на компанијата треба да се видат финансиските извештаи и билансот на успех, меѓутоа е симптоматично тоа што периодот на заминување се совпаѓа со прекинот на субвенциите.

Многу црвен аларм е моментот што откако истекува правото на субвенции инвеститорите си одат. Тоа значи дека Македонија тие ја гледаат како Елдорадо каде што тие си го собираат кајмакот, но голем знак прашалник, еве да не тврдам дека е така, меѓутоа голем знак прашалник е што Македонија има фајде од тоа.

„Многу црвен аларм е моментот што откако истекува правото на субвенции инвеститорите си одат. Тоа значи дека Македонија тие ја гледаат како Елдорадо каде што тие си го собираат кајмакот, но голем знак прашалник, еве да не тврдам дека е така, меѓутоа голем знак прашалник е што Македонија има фајде од тоа. Дека е вработувањето зголемено, тоа паѓа во вода, бидејќи видовме и како буквално умираат вработени во некои од капацитетите на тие странски директни инвестиции и како ги третираат вработените“, вели Витанов.

Беџети смета дека ова ќе има последици и на микро и на макроекономски план.

„Оваа микроекономска одлука прво ќе има микроекономски негативни ефекти. Но, секако дека пораката на макроекономски план е многу позагрижувачка и не само за нив туку и за другите кои што оперираат во слободните економски зони или имаат намера да инвестираат во нив во иднина“, додава Беџети.

Според Витанов, треба сериозна анализа што Македонија добива, а што губи од таквите краткорочни странски директни инвестиции. Џонсон Контролс компанијата ја отвори во 2006 година, а лани беше продадена на Вистеон Електроникс. Во меѓувреме Комисијата за заштита на конкуренцијата најави дека ќе се испитува државната помош која ја добивал Џонсон Контролс од 2007 до 2012 година.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG