Достапни линкови

За 12 часа, во Македонија влегле 7.600 мигранти


Околу 7.600 мигранти, повеќето од Сирија, влегле од Грција во Македонија од вчера во 18 часот до изутрината во 06 часот, соопшти високиот претставник на УНХЦР Александра Краус.
- Имаме информација од нашите грчки колеги дека нови мигранти пристигнуваат со автобуси, а тие и понатаму ќе доаѓаат, изјави Краус.
Се проценува дека во последните два месеца од Грција во Македонија влегле над 70 илјади мигранти, чија крајна дестинација се западноевропските земји.

XS
SM
MD
LG