Достапни линкови

logo-print

Во Сенатот блокирано гласањето за договорот со Иран


Во американскиот Сенат беше блокирано гласањето за несогласување со меѓународниот нуклеарен договор со Иран. За да биде изгласана таквата резолуција беа потребни шеесет гласови. За резолуцијата за неодобрување на договорот гласаа 58 сенатори. Американските конгресмени имаат рок до 17 овој месец да го разгледаат иранскиот нуклеарен договор со кој постепено се укинуваат санкциите против Техеран во замена за кратење на нуклеарната програма на Иран. Не е јасно дали републиканците кои се противат на овој договор ќе бараат уште едно гласање во Сенатот.

XS
SM
MD
LG