Достапни линкови

logo-print

Средба на Заев со амбасадорката на ОБСЕ Соумалаинен


OSCE

OSCE

Претседателот на СДСМ Зоран Заев се сретна со новоименуваната амбасадорка на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Соумалаинен. Притоа станало збор за актуелната состојба во државата и за соработката со мисијата на ОБСЕ. Како што информира СДСМ, Заев ја запознал Соумалаинен со причините за политичката криза и за излезните решенија договорени со меѓународно посредништво при што изразил очекување дека деновиве преговорите за законското решение за специјалниот јавен обвинител ќе имаат позитивен исчекор. „Очекуваме целосно спроведување на постигнатиот договор од 2 јуни и спроведување слободни, фер и демократски избори наредната година, посочила амбасадорката Соумалаинен.

XS
SM
MD
LG