Достапни линкови

Туристичките работници бараат одложен почеток на учебната година


Угостителите и туристичките работници велат дека наместо на први, школската година треба да почнува од десетти или петнаесетти септември, за да се продолжи туристичката сезона.

Струшките угостители бараат учебната година од наредната сезона да почнува малку подоцна од вообичаеното. Велат наместо на први, тоа треба да биде од десетти или петнаесетти септември. Сметаат дека септември знае да биде добар месец за туризам и оти тоа се покажало сега, кога почетокот на месецов бил исполнет со туристи поради топлото време.

Мислам дека она што е дадено како предлог да биде до 15-ти септември, односно од 15-ти септември да се почнува на училиште оти гледаме дека има доволно туристи. Тоа е добро и за нас што работиме во угостителството, но и за државата, бидејќи има придонеси.

„Мислам дека она што е дадено како предлог да биде до 15-ти септември, односно од 15-ти септември да се почнува на училиште оти гледаме дека има доволно туристи. Тоа е добро и за нас што работиме во угостителството, но и за државата, бидејќи има придонеси“, рече Маир Мифтари угостител од Струга.

И Јетон Исмаили, концесионер на плажа во Струга, вели дека е неопходно учебната година да започнува малку подоцна.

„Факт е дека со почетокот на учебната година туристичката сезона во Струга се затвора меѓутоа поради доброто време во текот на викендите имаше сè уште туристи. Добро е да се пролонгира почетокот на учебната година барем од 15 август ако може“, вели Исмаили.

Никола Јанев, туристички водич од Охрид, смета дека е добро за сите во иднина да се пролонгира почетокот на учебната година.

„Тоа е добар начин да се продолжи туристичката сезона во Охрид плус да се направат некои манифестации. Тоа е идеја на нас туристичките водичи уште од порано. Треба да го следиме примерот на соседните земји, на пример во Бугарија, каде учебната година почнува на 10-ти септември, а и Бугарија е туристичка земја. Ние како Македонија треба да ја продолжиме туристичката сезона и од тоа да имаат бенефит сите во градот и да живеат добро“, вели Јанев.

XS
SM
MD
LG