Достапни линкови

logo-print

Во Битола за еден месец запалени пет возила поради неисправност


Дел од пожарите во возилата беа намерно подметнати, но во последно време се зголеми и бројот на возила кои вивнаа во пламен поради неисправност и високите летни температури.

Пет возила летово се запалиле за еден месец во Битола како последица на старата инсталација и високите температури, соопштија од битолската пожарна. Двете последни биле товарно возило во сопственост на скопска компанија и автомобил мерцедес. И покрај интервенцијата на пожарникарите, возилата биле целосно уништени, но се спречило ширење на огнот врз околината.

Од јануари досега 16 возила беа запалени што значи застареноста на возилата и температурите си го прават своето. Последните возила што се запалија се запалија од овие причини што значи потпалувања и слични дејанија се исклучени. Инсталацијата е причина број еден за палење на возилото, посебно во движење.

Со ова, бројот на опожарени возила за годинава во Битола се искачи на 16 или за последните три години на триесетина, со што градот предничи во државата. Дел од пожарите во возилата беа намерно подметнати, но во последно време се зголеми и бројот на возила кои вивнаа во пламен поради неисправност и високите летни температури.

„Од јануари досега 16 возила беа запалени што значи застареноста на возилата и температурите си го прават своето. Последните возила што се запалија се запалија од овие причини што значи потпалувања и слични дејанија се исклучени. Инсталацијата е причина број еден за палење на возилото, посебно во движење“, вели Костадин Поповски, командир на битолската противпожарна единица.

Пожарникарите апелираат до возачите да носат противпожарен апарат.

„Грижа на сите возачи е во возилата да имаат противпожарен апарат за да можат во даден момент сами да го изгаснат зашто на тој начин ќе ја спасат штетата од неколку илјади евра. Додека со чекањето на противпожарната единица може возилото целосно да изгори. Да споменеме еден податок дека запалено возило од пет до десет минути целосно гори“, објаснува Поповски.

Сепак, негативниот тренд од 16 запалени возила за девет месеци се должи и на подметнатите пожари. Дури три беа потпалени, а пламенот од нив зафати и оштети уште четири возила паркирани до нив. Потпалените автомобили беа на активисти на СДСМ, а до денес јавноста не е известена дека се откриени и казнети сторителите.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG