Достапни линкови

Хрватска подготвена да прими над илјада бегалци


Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ денеска изјави дека Хрватска е подготвена да прими дополнителен број бегалци од вкупно 120.000, кои треба да бидат итно раселени од Грција, Италија и Унгарија. Остоиќ изјави дека досега Хрватска покажала солидарност со овие три земји од ЕУ, кои се најзасегнати од бегалската криза на европско тло. „Ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина и подготвени сме да ја прифатиме новата квота.“

Хрватската Влада уште во јули донесе одлука да прифати 550 лица, а според новиот план на Европската комисија, што вчера беше изложен во Стразбур од претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер, таа треба да прифати уште 1.064 лица.

Остоиќ посочи дека овој предлог ќе биде разгледан на 14 септември,во Брисел, на вонредната седница на министрите за внатрешни работи, а конечната одлука треба да ја донесе Советот на ЕУ. „Овој пат господин Јункер и Европската комисија инсистираат на решителни мерки, рече хрватскиот министер.“

XS
SM
MD
LG