Достапни линкови

Немцов и Савченко номинирани за наградата „Сахаров“


Убиениот руски опозициски политичар Борис Немцов и затворената украинска воена пилотка Надја Савченко се меѓу номинираните за наградата Сахаров за 2015 година. Наградата од 50 илјади евра воспоставена од Европскиот Парламент во 1988 година, се доделува секоја година на индивидуалци или групи кои го посветиле својот живот на бранењето на човековите права и слободата на мислата. Немцов, кој беше поранешен вицепремиер на Русија, беше убиен во февруари. Тој беше остар критичар на претседателот Владимир Путин. Савченко беше заробена во 2014 година од про-руските сепаратисти во источна Украина и предадена во Русија, каде е обвинета дека учествувала во убиство на двајца новинари.

XS
SM
MD
LG