Достапни линкови

Попоски: Македонија размислува за ограда на границата


Македонија ја разгледува можноста за изградба на ограда на својата граница слично како што тоа го стори Унгарија за да го сопре големиот прилив мигранти, изјавил, како што пренесува Ројтерс, министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за унгарскиот неделник „Фигело.“ Тој рекол дека на Македонија веројатно „ќе и треба некоков вид на физичка одбрана, иако тоа нема да биде долгорочно решение.“

„Но, ако се земе сериозно што Европа бара од нас да направиме, исто така ќе ни треба и тоа. Или војници или ограда или комбинација од двете“, рекол Попоски.

Тој истакнал дека Македонија прави најдобро што може да ги регистрира сите мигранти.

„Но, што и да направиме од она што го бараат нашите партнери, да ја контролираме границата и да ги спречиме луѓето, веднаш добиваме негативни меѓународни реакции“ изјавил Попоски.

XS
SM
MD
LG