Достапни линкови

Бугарија и Романија спремни за прием во Шенген


Luxembourg - Schengen village road sign, illustrative photo, 12Nov2011

Luxembourg - Schengen village road sign, illustrative photo, 12Nov2011

Европската комисија смета дека Бугарија и Романија ги исполнуваат неопходните услови за да бидат примени во Шенген зоната, изјави денеска портпаролот на Комисијата, Наташа Берто. Таа вели дека одлуката за прием на двете земји во Шенген зоната сепак треба да биде донесена на политичко ниво од страна на Советот на министри на ЕУ и Европскиот совет. Колегата на Берто, Маргаритис Скинас пак изјави дека Европската комисија очекува да бидат почитувани правилата на Шенген зоната за слободен проток на патници и покрај актуелната бегалска криза во Европа. Шенген зенота е еден од успесите на ЕУ, кој добива високи оценки, додаде Скинас. Тој нагалси дека Еврокомисијата очекува на средбата на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ, што ќе се одржи во понеделник, да биде постигнат договор околу предлоот на Брисел за рапределба на бегалците меѓу членките на Унијата според утврдени квоти.

XS
SM
MD
LG