Достапни линкови

Резолуција на ЕП за ослободување на новинарката Исмаилова


Европските пратеници усвоија резолуција со која се повикува на итно и безусловно ослободување на истражувачката новинарка Хадиџа Исмаилова и неколку други актвисти од Азербејџан, како бранители на човекови права и адвокати. Исмаилова која е соработник за Радио Слободна Европа на 1 септември беше осудена на седум и пол години затвор за обвиненија за кои се верува дека се одмазда за најзиното известување за корупција на високи функционери во Азербејџан. Во резолуцијата се повикува властите на ЕУ да спроведат темелна истрага за наводите за корупција против претседателот Илхам Алијев и за членовите на неговото семејство. ЕП исто така ја повика Белорусија да ги рехабилитира ослободените политички затвореници и целосно да ги врати нивните граѓански и политички права.

XS
SM
MD
LG