Достапни линкови

ЕП: Русија да ги ослободи затворениците од Естонија и Украина


Пратениците на Европскиот Парламент ја повикаа Русија веднаш да го ослободи полицаецот од Естонија, Естон Кохвер, режисерот од Украина Олег Сенцов и укаинскиот граѓански активист Олександар Колченко. Во резолуцијата поддржана од најголемите политички групи во ЕП, денеска пратениците го осудија „грубото кршење на територијалниот интегритет на Украина и Естонија низ нелегално киднапирање на граѓани од двете земји.“ Кохвер беше коднапиран во Естонија во септември 2014 година и неодамна беше осуден на 15 години затвор во Русија. Сенцов и Колченко беа осудени на 20 и на 10 години, откако беа уапсени на Крим во мај 2014 година. Во резолуцијата се вели дека рускиот суд не е компетентен да суди надвор од меѓународно признатата територија на Русија.

XS
SM
MD
LG