Достапни линкови

logo-print

Орав: Нема план „Б“ за специјалниот обвинител


Не постои план „Б“ во однос на обврската за избор на специјалниот обвинител што треба да се случи до 15 септември. Очекувам тој да биде избран во предвидениот рок и веќе од 16 септември да започне со работа, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав.

„Не постои план „Б“. Специјалниот обвинител треба да биде назначен на 15 септември и лично сум многу охрабрен од говорите кои завчера ги имаа премиерот Груевски и лидерот на опозицијата Заев кои испратија многу охрабрувачки пораки дека сакаат да стигнат до целта на овој пат. Остануваат уште неколку прашања и се надевам дека ако не во следните неколку часа, тогаш во следните неколку дена овие прашања ќе бидат решени на еден многу конструктивен начин и во интерес на оваа земја.“

XS
SM
MD
LG