Достапни линкови

logo-print

Али Ахмети со својот авторитет досега успешно ги средуваше недоразбирањата во и околу ДУИ. Но овојпат самиот Ахмети е актер во една корупциска афера и сега веројатно тешко ќе биде тој да ги испегла овие недоразбирања, вели аналитичарот Демири.

Серијата инциденти и потреси поврзани во челниците на ДУИ, како информациите дека челници на ДУИ земале мито за Маѓар Телеком, внатрепартиските пресметки кои завршија и со смртни случаи, „бомбите“ на опозицијата, и ред други сериозно ја демаскираат партијата која веќе 13 години е на власт, велат аналитичарите.

Но овојпат самиот Али Ахмети е актер во една корупциска афера и сега веројатно тешко ќе биде тој да ги испегла овие недоразбирања, а особено што доаѓаат во предизборен период.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека вмешаноста на ДУИ во случајот Маѓар телеком е капак на еден долгогодишен начин на работење на ДУИ кој, како што вели, е проследен со афери, заканувања, уценувања.

„Сите овие појави успеваше лесно да ги „пегла“, односно да ги средува, Али Ахмети, кој со својот авторитет се наметна како човек кој може да ги среди тие работи. Но овојпат самиот Али Ахмети е актер во една корупциска афера и сега веројатно тешко ќе биде тој да ги испегла овие недоразбирања, а особено што доаѓаат во предизборен период“, вели Демири.

Политичкиот аналитичар Арсим Синани вели дека ДУИ веќе 13 години владее во земјата, но како што вели, владее со контрола на хаосот во партијата. А инцидентите што се случуваат, вели Синани се континуитет на истрошеноста на луѓето во партијата.

Мислам дека Албанците се веќе во потрага на нов лидер, мислам дека тоа ќе потрае како процес, меѓутоа мислам дека тоа процес е започнат кај албанската страна.

„Тоа се луѓе кои веќе не се заинтересирани за добробит на граѓаните на Република Македонија, тие се заинтересирани за реализирање на нивните персонални битија.“

Синани вели дека е Албанците веќе бараат нов лидер, а дали ДУИ ќе победат на претстојните избори, според него, ќе зависи од тоа дали ќе се унифицира албанската опозиција и од тоа дали албанското население ќе го изгуби своето трпение.

„Мислам дека Албанците се веќе во потрага на нов лидер, мислам дека тоа ќе потрае како процес, меѓутоа мислам дека тоа процес е започнат кај албанската страна.“

И Демири вели дека се воочува големо разочарување кај албанскиот електорат. Тој додава и дека ДУИ веќе нема да може да ја злоупотребува власта со купување гласови преку вработувања.

„Изворите за понатамошно делување веќе секнуваат. Сега тешко ќе им биде да победат, веќе немаат понуда, а од друга страна нивната понуда веќе не е валидна“, вели Демири.

Од ДУИ пак обвинуваат дека агенти од тајните служби во земјата и регионот се обидуваат да ја срушат партијата и лидерот Али Ахмети, односно, како што велат, да се наштети на идејата Албанците да имаат голема политичка партија.

Последно во низата инциденти поврзани со ДУИ е објавеното сведочење на поранешниот прв разузнавач Слободан Богоевски кој сведочел дека лидерот на ДУИ Али Ахмети и високиот функционер Муса Џафери земале мито за Маѓар Телеком. На ова му претходеа убиствата на високи функционери во партијата во Струга и Куманово. Раководството на ДУИ често се споменуваше и во „бомбите“ на опозициите.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG