Достапни линкови

Најавена средба меѓу Путин, Меркел, Порошенко и Оланд


Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко ќе се сретнат со лидерите на Германија и Франција Ангела Меркел и Франсоа Оланд во идниот месец во Париз за решавање на конфликтот во Украина. Тоа ќе биде прва нивна заедничка директна средба од средината на февруари годинава кога во Минск беше договорен прекин на огнот во источна Украина. Средбата, според руските медиуми кои се повикуваат на Елисејската палата, ќе се одржи на 2 октомври. Претходно официјален Париз соопшти дека четворицата лидери вчера телефонски разговарале околу 90 минути. Притоа се согласиле дека прекинот на огнот меѓу украинските владини сили и проруските бунтовници се почитувал.

XS
SM
MD
LG