Достапни линкови

logo-print

Во Ирак отпуштени над стотина функционери


Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади им даде отказ на 123 заменици министри и генерални директори како дел од реформите со цел намалување на корупцијата и на лошото раководење во земјата. До ова доаѓа откако илјадници луѓе протестираа во неколку градови против корупцијата по што премиерот Абади најави неколку мерки за реформа на владата. Меѓу нив е и укинувањето на задолжителните квоти за вработување припадници на верски и етнички групи што, според експертите, доведе на значајни функции да дојдат неквалификувани луѓе.

XS
SM
MD
LG