Достапни линкови

Милитантите на ИД бараат откуп за двајца заложници


Ерна Солберг

Ерна Солберг

Милитантите на Исламската држава соопштија дека во заложништво држат еден норвешки и еден кинески државјанин и за нивното ослободување бараат откупнина. Норвешкиот премиер Ерна Солберг потврди дека норвешки граѓанин бил заробен во Сирија во јануари годинава. Таа додаде дека киднаперите изнеселе серија барања, меѓу кои и исплаќање значајна сума пари за ослободување на заложниците. „нема да им попуштиме на терористите и криминалците. Норвешка не плаќа откуп“, изјави Солберг. Од Пекинг досега нема официјална реакција.

XS
SM
MD
LG