Достапни линкови

Кери и Лавров разговараа за ситуацијата во Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров телефонски разговарале за загриженоста на Вашингтон во врска со зголемувањето на руското воено присуство во Сирија. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Лавров уште еднаш го истакнал значењето на консолидиран одговор против терористичките групи кои освоиле голем дел од Сирија и кои претставуваат закана за меѓународната безбедност. Претходно американски претставници соопштија дека деновиве во Сирија слетале три руски воени авиони. Официјален Дамаск демантира дека руски војници учествувале во борбите на страна на силите лојални на претседателот Башар ал Асад. Москва соопшти дека во Сирија има свои воени советници.

XS
SM
MD
LG