Достапни линкови

Времето денеска: облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа особено во западните и југозападните делови повторно ќе бидат обилни и проследени со грмежи и со засилен ветер, а се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 15 до 22 степена. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

XS
SM
MD
LG