Достапни линкови

logo-print

Охриѓани бараат средување на запуштените објекти во градот


Граѓаните стравуваат за своите деца и нивното здравје, бидејќи, на местата на коишто си играат постојано наоѓаат игли и шприцеви.

Купишта игли и шприцеви расфрлани на сите страни можат да се забележат во неколку запуштени објекти во Охрид. Граѓаните стравуваат за своите деца и нивното здравје, бидејќи, како што велат, постојано играат пред тие објекти. Велат дека станува збор за неколку такви локации, а како критични ги посочуваат објектот карабина до управната зграда на Општата болница и поранешниот објект на МРТВ, како и стариот отпад. Кажуваат дека во ноќните часови се слушале силни викотници кои ги вознемирувале.

Јас како советник на неколку пати го имам отворено ова прашање на седници на совет. Има решение на овие проблеми, па дури и самите граѓани даваат решенија и предлози како овој проблем да се реши.

Охриѓани бараат од надлежните локални и државни институции овие објекти да се урнат или, пак, да се пренаменат за други цели.

Јоне Станкоски, советник во охридскиот градски совет, вели дека граѓаните неколку години укажувале на овој проблем.

Ова место е култно место во населбата Горна Влашка Маала. Објектот на поранешна банка служи како запуштено веце за мокрење и шутинг галерија за корисниците на игла и хероин. Ние бараме оваа дива градба да се сруши, а просторот да се уреди, каде можат да седнат и пензионери и мали деца.

„Јас како советник на неколку пати го имам отворено ова прашање на седници на совет. Има решение на овие проблеми, па дури и самите граѓани даваат решенија и предлози како овој проблем да се реши. Во Горна Влашка Маала, каде се собораат нарко-зависници, уште во 2010 година граѓаните дадоа иницијатива со уривање на два објекти и на нивно место да се изгради детско игралиште и хортикултурно да се уреди тој простор и на тој начин би се отстранил овој проблем. Како предлог, а го подржуваат и граѓаните кои живеат околу центарот на МРТВ, а се работи за државен објект, а на локалната самоуправа ѝ е потребен таков објект. Истиот треба да се отстапи на локалната самоуправа и истиот да го уредиме како младински културен центар кој му е потребен на Охрид“, вели Станкоски.

И останатите жители велат дека треба да се најде решение на овој проблем.

„Ова место е култно место во населбата Горна Влашка Маала. Објектот на поранешна банка служи како запуштено веце за мокрење и шутинг галерија за корисниците на игла и хероин. Ние бараме оваа дива градба да се сруши, а просторот да се уреди, каде можат да седнат и пензионери и мали деца“, вели Илија Мештакоски, жител.

Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, вели дека постојани ги контролираат ваквите објекти.

„Било во ноќните саати или во текот на денот овие места постојано се контролираат. Ние во секоја прилика, кога ќе затекнеме лица кои ѝ се познати на службата ги преземаме нашите овластувања и во случај кога има оправданост се делува реактивно, односно се одземаат пронајдените наркотични средства и аналогно на тоа се поднесува кривична соодветна пријава од страна на службата“, вели тој.

Нарко-зависниците најмногу се собирале во раните утрински и вечерните часови. Дел од мерките кои беа утврдени на последниот состанок минатата недела помеѓу надлежните институции за обезбедување на напуштените објекти низ градот кои се евидентирани како собиралишта на нарко-зависници беа да се постават заштитни огради, а влезовите да се бетонираат.

XS
SM
MD
LG