Достапни линкови

logo-print

Данска ги суспендираше возовите со Германија


Данските железници на неодредено време ги откажаа сите возови кои потуваат кон и од Германија, откако стотици мигранти стигнаа во Данска со цел да бараат азил во Шведска. Данската полиција рано денеска ги запре сите услуги со возовите, откако стотици бегалци главно од Сирија одбија да соработуваат со властите и да ги напуштат возовите. Стотици други баратели на азил одеа пеш на автопатот кон Шведска. Бегалците се плашат дека ако бидат регистрирани во Данска, нема да можат да одат во Шведска. Германија и Шведска се двете главни дестинации за бегалците и економските мигранти. Данскиот парламнет минатата недела гласаше за намалување на социјалната помош на новодојдените бегалци, со цел да ја направи земјата помалку аатрактивна за меигрантите и бегалците.

XS
SM
MD
LG