Достапни линкови

ПССЕ изрази загриженост за насилствата во Турција


Претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Ан Бросур, изрази длабока загриженост од ескалацијата на насилство во Турција и ги повика сите страни да се воздржат од агресија и да го почитуваат мирот. Бросур подвлече дека неприфатливи се терористичките напади врз армијата, законските власти, политичките партии и медиумите. „Жестоко ги осудувам овие напади и на семејствата на жртвите, на народот и на турските власти им ја изразувам својата најдлабока почит и жалење“, изјави Бросур.

XS
SM
MD
LG