Достапни линкови

Бунтовниците во Сирија заземале воена база


Сириската државна телевизија соопшти дека бунтовниците заземале база на армијата во северозападниот дел од земјата, по двегодишна опсада. Во денешен телевизиски извештај се вели дека владините сили во воената воздухопловна база во Абу Зухор ги евакуирале своите позиции и се преместиле на друга точка. Борците кои стојат зад нападот се верува дека се од коалицијата на исламските бунтовници, вклучително и филијалата на Ал-Каеда, Јабхат ал-Нусра. Заземањето на базата е последно од серијата неуспеси на владините сили во провинцијата Идлиб, кој во голема мера е контролирана од бунтовниците кои се борат против претседателот Башал ал-Асад.

XS
SM
MD
LG