Достапни линкови

logo-print

Убиен уште еден новинар во Карачи


Пакистански новинар е убиен во јужниот пристанишен град Карачи. Неидентификуван вооружен напаѓач денеска го застрелал Афтаб Алам во близина на неговата куќа. Тој работел за неколку телевизики накали. Ова е втор напад врз новинар во Карачи во последните 24 часа. Полицијата вчера соопшти дека напаѓачи отвориле оган врз комбе на телевизијата „Гео ТВ“, при што бил убиен Аршад Али, а едно лице било повредено. По нападот, новинарските организации побараа поголема безбедност за медиумските работници и брзо пронаоѓање на напаѓачот.

XS
SM
MD
LG