Достапни линкови

Јункер: Границите на ЕУ се недопирливи


Претседателот на ЕК, Жан Колод Јункер.

Претседателот на ЕК, Жан Колод Јункер.

Претседателот на Европската комисија Жан Колод Јункер ја предупреди Русија дека безбедноста и границите на членките на Европската унија се недопирливи. „Сакам ова многу јасно да се разбере во Москва“, рече Јункер во Европскиот Парламент. „Балтичките земји и Полска се многу важни членки на ЕУ и тие не треба да мислат дека ние нема да бидеме таму на било кој начин ако нивната безбедност и границите се во опасност“, рече тој. Војната во Украина е причина за ниското ниво на односите меѓу Западот и Русија, како од времето на Студената војна.

XS
SM
MD
LG