Достапни линкови

Потврдено присуството на руски воени експерти во Сирија


Марија Захарова - порпарол на руското МНР.

Марија Захарова - порпарол на руското МНР.

Руското Министерство за надворешни работи потврди дека руски воени експерти се присутни во Сирија. Портпаролот на министерството Марија Захарова денеска изјави дека експерти помагаат во испорака на руско оружје во Сирија, за кое Москва вели дека е наменето за борба против тероризам. Таа исто така рече дека САД побарале од Грција иа Бугарија да го затворат воздушниот простор за руски летови до Сирија, што претставува „меѓународна грубост.“ Коментарите доаѓаат еден ден откако Вашингтон соопшти дека е „загрижен за извештаите дека Русија може да распореди дополнителен воен персонал и воени авиони во Сирија.“ Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернст исто така предупреди дека руското воено опремување во Сирија може да доведе до конфронтација со коалицијата предводена од САД, која извршува воздушни напади против групата на Ислмската држава.

XS
SM
MD
LG