Достапни линкови

Унгарија сака да постави порта на пругата Суботица-Сегедин


Унгарските власти ја разгледуваат можностa за поставување порта на железничката пруга која од Суботица води кон Сегедин, јави изутрина унгарската телевизија М1. Таа пруга е коридор преку кој бегалците илегално ја минуваат границата, со оглед на тоа дека преку неа не е поставена ограда. Претходно беше прекинат железничкиот сообраќај меѓу Сегедин и Суботица. Со поставувањето на портата се очекува, бегалците да бидат спречени илегално да поминуваат, а би се создале услови и за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај. Во унгарската населба Реска изутринава е мирно, а и натаму пристигнуваат нови бегалци. Преку „зелената граница со Србија“ пристигнале меѓу 100 и 150 нови бегалци.

XS
SM
MD
LG