Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун: Сирија е колосална трагедија


Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун оцени дека конфликтот во Сирија е колосална трагедија и срамен симбол на меѓународните поделби кои доведоа до денешната бегалска криза. „Пресудата на историјата ќе биде остра“, изјави тој на состанокот на Обединетите нации по повод заштитата на цивилите во време на судири. Тој го повика Советот за безбедност да ги преземе неопходните мерки за завршување на конфликтот во Сирија. Во изминативе денови Бан Ки Мун разговарал со лидерите на Австрија, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Полска и Словачка и побарал од нив да бидат „глас на оние на кои им е потребна заштита“.

XS
SM
MD
LG