Достапни линкови

Во Багдад киднапиран заменик министер за правда


Вооружени лица вчера во Багдад го киднапирале заменик министерот за правда Абдул Карим Фарес и го раниле неговиот шофер. Полицијата соопшти дека киднаперите со неколку возила го стопирале неговиот автомобил во североисточниот дел на Багдад при што дошло до престрелка. Пред четири дена вооружени лица киднапирале 18 турски државјани вработени во една градежна фирма која работи во Ирак. Идентитетот на киднаперите во двата случаја останува непознат.

XS
SM
MD
LG