Достапни линкови

Гутереш: Европа неорганизирана за бегалците


Антонио Гутереш

Антонио Гутереш

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутереш изјави дека недостигот на организација и крајно нефункционалниот систем за добивање азил доведоа до интензивирање на бегалската криза во Европа, каде што секојдневно стигнуваат неколку илјади луѓе. „Зборуваме за 4 до 5 илјади лица дневно во Унијата која има над 500 милиони жители“, изјави тој на прес конференцијата во Париз. Според него, проблемот со бегалците нема да исчезне наскоро, делумно поради војната во Сирија, но и поради порастот на бројот на нови кризи, додека старите, како што рече, „изгледа дека никогаш нема да исчезнат“.

XS
SM
MD
LG