Достапни линкови

Со месеци бара одговори од општината за проблемите во Тетово


Општина Тетово не одговара на прашањата на тетовецот Дамир Незири, кој постојано преку Фејсбук прашува како локалната самоуправа планира да ги решава проблемите на граѓаните.

Тетовецот Дамир Незири со месеци не може да добие одговор на поставените прашања до општината како локалната самоуправа ќе ги среди проблемите со кои се соочуваат граѓаните како што се недостигот на вода за пиење и загадениот воздух. Иако тоа го прави на неконвенционален начин, преку социјалната мрежа Фејсбук, смета дека општината треба да одговори, со оглед дека го користи истиот начин за комуникација со граѓаните. Прашањата ги пишува на сопствениот профил, при што ја означува градоначалничката Теута Арифи, односно нејзиниот профил, со што автоматски таа добива известување.

Целта на ова што го правам не е да се деградира работата на градоначалничката или на кој било друг политичар, туку да се мотивира или да се обезбеди поефикасна и поефективна работа. Затоа што тоа ќе го подобри мојот личен живот како граѓанин на Тетово како и животот на другите граѓани.
Дамир Незири, жител на Тетово.

Пред извесно време на ист начин преку Фејсбук добил само реакција од вработен во кабинетот на градоначалничката.

Дамир Незири, активист.
Дамир Незири, активист.

„Содржината на постот беше таква каква што беше. Многу малце насочена кон она што беа прашања и проблеми со кои се соочуваат тетовчани, а многу повеќе насочено према мене лично и покрај тоа што не ме познава и према мое некое деградирање и дискриминација. Меѓутоа мене не ми смета. Мене ми е битно дека гледам дека некој го чита тоа и за така да се изреагира очигледно допрело до некого“, вели Незири.

Тоа е приватен Фејсбук на градоначалничката, не е на општина Тетово. Така што ретко се закажува средба преку Фејсбук, а по е-меил да.
Љуме Хусеини, портпаролка на Општина Тетово.

Од кабинетот на градоначалничката не го коментираат случајот со Дамир Незири. Портпаролката на општината Љуме Хусеини вели дека, иако постојат опции за комуникациија со граѓаните преку интернет, препорачуваат дека за проблемите најдобро е луѓето да закажат средба со градоначалничката или со другите функционери.

„Тоа е приватен Фејсбук на градоначалничката, не е на општина Тетово. Така што ретко се закажува средба преку Фејсбук, а по е-меил да. По е-меил има и барања доставени и претставки и поплаки и различни други барања. Процедурата која најмногу ја користат граѓаните директно доаѓаат во општина. Значи мејловите помалку се користат“, изјави Хусеини.

Незири смета дека без разлика на начинот, политичарите треба да бидат подостапни за граѓаните и да ги решаваат нивните проблеми со што заеднички ќе создадат подобро општество.

„Целта на ова што го правам не е да се деградира работата на градоначалничката или на кој било друг политичар, туку да се мотивира или да се обезбеди поефикасна и поефективна работа. Затоа што тоа ќе го подобри мојот личен живот како граѓанин на Тетово како и животот на другите граѓани. Од друга страна, доколку политичарите добро си ја работат работата ќе можат да бидат повторно избрани на следните избори. За жал се покажува дека на политичарите им текнува и влегуваат во комуникација со граѓаните неколку месеци пред избори, меѓутоа мислам дека во овој случај граѓаните се многу свесни за тоа што се случува во Тетово и поради тоа почнуват да бараат одговори на поголем број на прашања“, вели младиот тетовец.

Дамир, користејќи ја можноста за добивање информации од јавен карактер, ќе продолжи своите прашања за квалитетот на живеење во градот да ги поставува и натаму до општинската администрација.

XS
SM
MD
LG