Достапни линкови

Ослободен сепаратистички лидер во Украина


Бунтовниците во источна Украина ослободиле сепаратистички лидер од притвор, откако бил држен во заробеништво четири дена. Андреј Пургин за Ројтерс изјавил дека денеска бил ослободен од вооружено лице во регионот Доњецк. Тој рече дека бил чуван во келија во „Министерството за безбедност“ откако бил заробен враќајќи се со автомобил од Русија. Пургин рече дека не разбрал зошто бил задржан. Тој беше истакнат претставник на бунтовниците по започнувањето на конфликтото на истокот во земјата во март 2014 година.

XS
SM
MD
LG