Достапни линкови

Турција започна операцијa против ПКК во Ирак


Турските специјални единици денеска влегоа на територијата на северен Ирак поради „краткотрајна операција“ за пронаоѓање на пребегнати курдски бунтовници, соопшти турски официјален претставник. Тој изјави дека турските воени сили ја преминале границата со Ирак барајќи бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК), кои учествувале во бомбашкиот напад врз минибус во источниот дел на Турција, во кој загинаа 16 турски војници. Турскиот владин претставник нагласил дека станува збор за „краткотрајна мерка која имала за цел да го спречи бегството на терористите“. Во меѓувреме шефот на турската држава, Реџеп Тајип Ердоган истакна дека „нема да им ја остави земјата на терористите од ПКК“ по серијата смртоносни напади извршени од курдските бунтовници.

XS
SM
MD
LG