Достапни линкови

logo-print

Груевски: Договорот мора целосно да се спроведе


Договорот од 2-ри јуни и протоколот од 15-ти јули мора целосно и дословно да се спроведат и да завршат со парламентарни избори на 24-ти април 2016 година, после кои никој нема да може да има алиби и да не ги признава изборите, изјави премиерот Никола Груевски при обраќањето на Свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија.

„Како е договорено и потпишано, така треба да се реализира, без додавање или одземање. Тој обвинител треба да биде автономен и да има доволен број стручни и технички соработници, истражители и целокупната потребна логистика од човечки ресурски, средства за покривање на трошоците и техничка логистика, во смисла, на канцеларии, возила, и слично. Тој не смее да биде на никаков начин попречуван во неговата работа, ниту пак под внатрешни или надворешни влијанија. Треба чесно да си ја изработи својата работа и да донесе непристрасни одлуки“, рече Груевски.

XS
SM
MD
LG