Достапни линкови

Иран подготвен за решавање на кризата во Сирија


Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата земја е подготвена да разговара со САД и со Саудиска Арабија за начините за решавање на граѓанската војна во Сирија. Рохани вели дека Иран ќе седне на секоја маса со регионалните земји и светските сили ако исходот биде безбедна, стабилна и демократска иднина за Сирија. Но, тој сугерираше дека Техеран нема да ја дискутира иднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад, се додека не биде постигнат мир. Иран е еден од водечките поддржувачи на Асад, кои ги обвинуваат САД и Саудиска Арабија за поддржување на бунтовниците и милитантите во Сирија.

XS
SM
MD
LG