Достапни линкови

Русија ја критикува ЕУ за бегалската криза


Русија ја критикуваше Европската унија за справувањето со бегалската криза и посочи дека блокот е виновен за поттикнување на конфликти кои предизвикуваат масовна миграција. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека „правдата налага оние земји кои се одговорни за конфликтите да земат поголема одговорност и секако да обезбедат хуманитарна помош за жртвите.“ Говорејќи на средбата со заменик претседателот на Европската комисија, Кристалина Георгиева, Лавров рече дека „механичкиот пристап“ на ЕУ на фрлање пари врз проблемот со бегалците, нема да ја реши ситуацијата. Евопската унија се бори да се справи со голем прилив на мигранти кои бегаат од конфликтите на Блискиот Исток и Африка.

XS
SM
MD
LG