Достапни линкови

ОН ги осуди казнувањата на активистите во Азербејџан


Зеид Раад ал-Хусеин.

Зеид Раад ал-Хусеин.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, Зеид Раад ал-Хусеин ги осуди тековните казнувања на припадниците на граѓанското општество во Азербејџан. Во денешното соопштение Зеид вели дека непотребниот притисок, малтретирање и заплашување против новинарите, бранителите на човековите права и активистите од страна на државните функционери, продолжуваат да се забележуваат во Азербејџан. „Повикувам на итно ослободување на оние кои биле лишени од слобода едноставно поради изразување на нивните права на слобода на изразување, здружување и мирно собирање, како и поради бранење на правата на другите“ вели тој. На 1 септември судот во Баку ја осуди истражувачката новинарка Хадиџа Исмаилова на седум и пол години затвор, откако против неа беа покренати обвиненија за кои групите за човекови права ги нарекоа одмазда за нејзиното обелоденување на корупција на високи функционери во Азербејџан.

XS
SM
MD
LG