Достапни линкови

Убиен сепаратистички лидер во Пакистан


Висок официјален претставник во пакистанската југозападната провинција Балочистан изјави дека лидерот на забранетиот сепаратистички Ослободителен фронт (БЛФ) е убиен. Спред непотврдени извештаи Алах Назар Балоч бил убиен во операција на безбедносните сили. „Велам непотврдени, бидејќи се уште немам добиено докази дека е тој жив, откако силите за безбедност спроведоа серија операции“, рече министерот за домување во провинцијата Балочистан, Сарфараз Бугти. Не се објавени други детли.

XS
SM
MD
LG