Достапни линкови

logo-print

Данска спречува бегалците да одат во Шведска


Данската полиција синоќа затворила еден автопат од безбедносни причини, спречувајќи неколку десетици бегалци, вклучувајќи жени и деца да ја минат границата со Шведска. Претходно таму стигнале околу триста бегалци во надеж дека печки ќе преминат во Шведска преку мостот што ги поврзува Копенхаген и Малме. Дошло и до тепачки меѓу полицијата и бегалците кои одбиле да им бидат земени отпечатоци на прстите плашејќи се дека нема да им биде дозволено да ја напуштат Данска. Премиерот Ларс Расмусен предупреди дека на никој нема да му биде дозволено да го продолжи патувањето кон Шведска. „Не можеме да ги игнорираме нашите обврски и да ги пратиме таму без согласност на шведските власти. Не сме како другите земји кои се одговорни за тоа што системот за азил е под огромен притисок“, рече тој.

XS
SM
MD
LG