Достапни линкови

САД: Грција да забрани прелети на руски авиони кон Сирија


Соединетите држави побарале од Грција да не им дозволува на руски авиони кои носат опрема за Сирија да го користат нејзиниот воздушен простор. Ова го изјави неименуван претставник на грчкото министерство за надворешни работи. „Во саботата добивме такво барање и сега го разгледуваме“, го цитираат медиумите претставникот кој сакал да остане анонимен. Претходно Русија побара од Грција прелет на два авиона во текот на месецов за Сирија.

XS
SM
MD
LG