Достапни линкови

Обама се залага за платено боледување


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ги искористил своите овластувања да ги обврзе фирмите кои работат за сојузната влада да им даваат платено боледување на вработените. Тој ова го рече на синдикалниот собир во Бостон по повод Празникот на трудот што вчера се славеше во Соединетите држави. Според Обама, републиканците кои се противат на оваа мерка веќе долго време ја уништувале американската економија. Околу 44 милиони американци во приватниот сектор немаат право на платено боледување.

XS
SM
MD
LG