Достапни линкови

Русија ја отфрла загриженоста за военото присуство во Сирија


Официјална Москва ја отфрла американската загриженост од руското воено присуство во Сирија, наведувајќи дека воената помош за претседателот Башар ал Асад не е ништо невообичаено. Во текот на изминатиот викенд американскиот државен секретар Џон Кери во телефонски разговор со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја изразил загриженоста за извештаите за заголемено руско воено присуство во Сирија. „Русија никогаш не го криела фактот дека испраќа воена опрема за сириските власти во нивната борба против тероризмот“, изјави портпаролот на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

XS
SM
MD
LG