Достапни линкови

Вељаноски: референдумот заокружување на Илинден


„Референдумот од 8 септември 1991 година е нашата најголема современа победа, а изразената волја на граѓаните претставува заокружување на стремежите, принципите и сонувањата на генерациите од двата Илиндена. Повторно е потребно политичките разлики да се подредат на клучните државни прашања. Нема поголема причина за единство, од Македонија и од иднината на нашите граѓани“. Ова го истакна претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски на свечениот прием во пресрет на денешниот Ден на независноста на Македонија. На приемот присуствуваа претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, пратеници од првиот Собраниски состав, актуелни пратеници, министри, претставници на верските заедници, на АРМ, на дипломатскиот кор и други гости.

XS
SM
MD
LG