Достапни линкови

Настава во Струга на свеќа


Седум од вкупно единаесет основни училишта во општината заедно со нивните подрачни објекти немаат електрична енергија, поради долгови кон ЕВН Македонија.

Во Струга наставата се изведува како во примитивно доба без струја и основни услови за тоа. Седум од вкупно единаесет основни училишта во општината заедно со нивните подрачни објекти немаат електрична енергија, поради долгови кон ЕВН Македонија. Локалните власти велат дека училиштата поради блокирани жиро сметки не се во можност долговите сами да ги исплатат и оти се бара начин проблемот да се реши.

Имаме училишта со блокирани жиро сметки поради наследени долгови. Повеќе од училиштата во нашата општина се исклучени од електрична енергија.
Сурија Рушит, раководител на сектор за образование во општина Струга.

„Имаме училишта со блокирани жиро сметки поради наследени долгови. Повеќе од училиштата во нашата општина се исклучени од електрична енергија. Мислиме дека удел овде има и политиката да се опструира целосно општина Струга преку училиштата. Ние од наша страна правиме големи напори да се надмине оваа ситуација. Редовно ги плаќаме ратите од претходниот долг како што бевме договорени со ЕВН, рече Сурија Рушит раководител на сектор за образование во општина Струга.

Основното училиште Браќа Миладиновци во Струга.
Основното училиште Браќа Миладиновци во Струга.

Раководствата на училиштата и родителите се загрижени за актуелната ситуација. Уште повеќе велат ако се има во предвид дека за еден месец стартува грејната сезона. Струја нема ни во двете најголеми училишта во градот, Јосип Броз Тито и Браќа Миладиновци каде учат неколку илјади ученици.

„Сепак се прават напори и во постојан контакт сум со градоначалникот и се надевам дека во наредните неколку дена овој проблем ќе се реши. Не би сакал проблемот да ескалира?“, вели Тони Савески, директор на училиштето Јосип Броз Тито.

РСЕ: Треба ли да се дозволи едно училиште да позајмува струја во 21 век од друг објект?

„Секако дека не треба да се дозволи. Овој проблем е стар проблем и треба да се реши. Доаѓа и зима, почнува и грејна сезона“, рече Тони Савески.

XS
SM
MD
LG